Во потрага по древни артефакти: Кримски арехеолози наскоро во голема поморска експедиција во Сирија

Градот Аврад, оддалечен 3,5 километри од Тартус

Градот Аврад, оддалечен 3,5 километри од Тартус

Michel Benoist/Wikipedia

Севастополскиот државен универзитет од Крим ќе испрати во втората половина од оваа година голема подводно-археолошка експедиција во територијалните води на Сирија. Станува збор за прва таква мисија во современа Русија, а нејзината цел ќе биде потрага по потонати предмети на материјална култура во близина на древните градови и ниво подоцнежно изучување.

Како што истакнуваат претставниците на Универзитетот од Крим, се работи практично за прва таква експедиција во поновата историја на Русија, окарактеризирана како своевиден „продор“ на руската наука во Средоземното море. Главна задача на „операцијата“ ќе биде откривање на потонати објекти на материјалната култура и нивно подоцнежно проучување. Археолозите ќе вршат истражување во акваторијата во која се наоѓале низа феникиски и антички, како  средновековни пристанишни градови.

„Како пример може да послужи градот Аврад кој се наоѓа на остров, оддалечен 3,5 километри од Тартус. Учесниците во експедицијата ќе ги проучат на терен специфичностите на античкото морепловство на рутата од древниот град Херсонес до главните центри на античката цивилизација“, изјави ректорот на Севастополскиот универзитет Владимир Нечаев.

Во текот на експедицијата истражувачите ќе применат најнови иновациски технологии. Мисијата ќе се одвива со поддршка на Министерството за одбрана на Руската Федерација, но и на соработниците на Институтот за ориенталистика на Руската академија на науки. Според зборовите на првиот заменик-министер за одбрана на РФ Валериј Герасимов, експедицијата може да се спои со пловидбата на бродот на Црноморската флота „Донузлав“ во источниот дел на Средоземното море.

Претходно губернаторот на Севастопол кон средината на јануари потпиша со губернаторот на сириската покраина Тартус договор со кој се регулираат меѓусебните односи во трговско-економската, научнотехнолошката, хуманитарнтаа и социјалната сфера.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња