Владимир Егорович Маковски „Селски деца“. Музеј во Харков
Пред комунистите да го урнат она што Ленин го нарекуваше воено-феудален империјализам во Русија, повеќе од 75 отсто од жителите обработувале земја. Животот им бил тежок, а децата почнувале да работат од мали нозе. Чувале стока или правеле корисни обувки кои се нарекуваат лапти, додека родителите, постарите браќа и сестри работеле на полињата. Селаните оделе и во пешадијата на руската војска и во далечни морски експедиции. Биле сигурни и некршливи.
Иван Богданов „Калфа“, 1893. Третјаковска галерија
Руските кметови му биле верни на царот и понизни пред земјопоседниците. Иван Сусанин влегол во историјата како еден од најголемите херои од селанството, спречувајќи по цена на сопствениот живот полските интервенти да го најдат и да го убијат рускиот цар. Неговата постапка е симбол за колективниот менталитет на руските селани: да се остане присебен и во најтешките моменти.
Руските земјопоседници и офицери (како и членовите на нивните семејства) исто така морале да се придржуваат на строгите правила на благородништвото. Од нив се очекувало да бидат добри христијани, да ја чуваат честа на царот и никогаш да не паѓаат на колена. Поради последново децата од благородничките семејства често учеле занает, што многу им помогнало по револуцијата кога преку ноќ биле принудени да се прехранат со сопствени раце.
Логорот Соловки, 1927-1928
Getty ImagesОпштествените превирања за време и по револуцијата од 1917 година резултирале со масовна емиграција, мешање на поранешните благородници со пролетаријатот и со исчезнување на владејачката класа. Новата советска елита која се појави во времето на Ленин исчезна за време на Сталиновите чистки. Затоа современите Руси се главни потомци на урбаната работничка класа во чии вени течела селанска крв.
Масовните репресии кои траеле од дваесеттите до шеесеттите години на минатиот век исто така дале свој резултат: речиси секој човек денес во Русија има некој близок или далечен роднина кој минал низ Гулагот.
Жени копаат одбранбени ровови околу Москва, 1941
SputnikРусија има изгубено многу повеќе животи од кој било друг народ кој учествувал во Втората светска војна. Поголем дел од нив била машка популација, и многу семејства останале без татковци и мажи, а и многумина се вратиле од фронтот како инвалиди. Оттаму по војната жените морале да ги преземат традиционално машките работи и самите да ги растат децата.
Јакутск. Болот Бочкарјов
SputnikРусите никогаш не се плашеле да ја истражуваат својата земја. Луѓето од централните региони со векови се селеле на Урал, на Сибир и на Далечниот исток, а силата на тежата на централна Русија секогаш била јака. Затоа денес не е воопшто чудно ако еден обичен Русин вака зборува за своето потекло: мајка ми е од Пенза, со потекло од југот на Русија, а татко ми е потомок на стариот сибирски народ Манси, мошне повлечен и неверојатно вреден. Сево ова заедно дава оптимист кој е расположен за работа и е здрав, благодарение на мешањето гени. Со текот на вековите луѓето се прилагодиле на суровите климатски услови и станале посилни, а ова се однесува и на Русите.
Во Русија отсекогаш се ценеле луѓе кои се подготвени да ги стиснат забите и да трпат силни удари. Во советско време луѓето биле дополнително мотивирани со физички вежби, а промовиран бил и здравиот начин на живот.
Масовните тепачки како селска забава биле традиционален начин за човек себеси да си даде оддишка. Во градовите вишокот енергија, особено во деведесеттите години од минатиот век, често наоѓал примена во криминалните активности. Момчињата во руската војска брзо станувале сурови мажи. Ова е уште една од причините зошто во светот се смета дека руската армија е толку опасна.
И не станува збор само за некаква мистериозна руска душа, ами за обична борба за опстанок, а Русите едноставно се навикнуваат на ваквата состојба на нештата. За Русите често се мисли дека се депресивни, меланхолични луѓе. Но, таа таканаречена депресија е всушност посебна ментална состојба која им помага да се соочат со своите животни предизвици.
9 начини да се победи во традиционалната руска борба со тупаници
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче