Во центарот на рускиот приморски туристички град Зеленоградск поставен семафор со мачки

Скриншот

Во приморскиот крајбрежниот туристички град Зеленоградск во Калининградската област во Русија е поставен семафор на кој наместо стандардното човече на црвеното или зеленото светло се палат силуети на мачки во седечка положба или во движење.

Семафорот предизвика поделени реакции. Многумина сметаат дека градските власти со овој потег ја пречекориле секоја мера.

„Од кога нашиот град стана толку мачкин. Тоа е апсурдно, семафорот не е играчка, туку сериозен уред“, негодува Ана од Зеленоградск.

За други, семафорот е во најмала рака симпатичен. И сосема во духот на Зеленоградск, кој надвор од границите на Русија се прослави со толерантниот однос спрема мачките.

„Ќе си помислиш, сериозен уред. Кому му пречат тие мачки на семафорот. Со нив или без нив, сеедно е и е совршено јасно дека црвеното светло значи стој, не мрдај, а зеленото вози и поминувај. Само што вака е во прашање симпатичен детаљ“, се обидува да им ја објасни иновацијата на гневните сограѓани Андреј.

„Мачкиниот семафор“ го регулира сообраќајот на прометно место во центарот на градот, на улицата „Тургенева“.

Бидејќи мачката одамна стана неофицијална заштитен знак на овој приморски град, воопшто не е чудно што необичниот уметнички објект се појави токму во Зеленоградск.

Во овој град има музеј на мачки, како и многу скулптури и прикази на мачки, а во градската администрација е вработен човек задолжен за надзор на уличните мачки.

Оваа година се појавија мачки и на таблата со називот на градот на автопатот и на прстенот на влезот во градот. А на почетокот на март, по трет пат, се одржа традиционалниот празник „Роденден на зеленоградската мачка“.

Властите на Зеленоградск не случајно ги повикаа на гости мачките од Јапонија, прославените на интернет Кен Чан и Госаку, кои обезбедувањето и покрај нивното инсистирање две години не ги пушташе во уметничкиот музеј „Хирошима Ономачи“. За Кен и Гоа во Зеленоградск се поставени специјални куќи за гости.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња