Најсеверниот Африканец на светот: Учител родум од Нигерија води видео блог за Јакутија

Скриншот

Марк Бабатунде, наставник по англиски и кинески јазик во руската република Јакутија, инаку родум од Нигерија, човек кого љубовта го довела и задржала во Сибир, преку штотуку стартуваниот видеоблог на каналот „Јутјуб“, настојува да им ги приближи на интернет-корисниците начинот на живот и секојдневието во еден од најстудените региони на светот. На својот видеоблог му го даде името „Најсеверниот Африканец на светот“.

„Во моментите кога нема што да правам со другарите често одам на лов и риболов. Во овој момент се занимаваме со риболов под мраз. Ловиме караси и понекогаш штуки. До идејата да почнам видеоблог дојдов неодамна, бидејќи со родителите и браќата кои живеат во Нигерија комуницирам преку интернет“, вели Бабатунде. 

Според новопечениот видеоблогер, неговите роднини сѐ уште немаат претстава што значи да се живее во Јакутија. Затоа Бабатунде решил да им претстави не само ним, туку и на сите други, како тоа всушност изгледа.

Видеоблоговите ги снима со професионална камера. Добредојдени му се и снимките кои порано ги направил.

„Овде природата е уникатна, а луѓето се феноменални, би сакале во текот на зимата на гости да ни дојде мојот најстар брат“, порачува Бабатунде.

Инаку Марк, кој со сопругата со која се запознал во текот на студирањето во Кина, веќе неколку години живее во јакутскиот град Покровск. Тие имаат три деца, а Марк работи во локалното училиште како наставник по англиски и кинески јазик. Во моментов учи јакутски.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња