По повод премиерата на филмот „Капетан Марвел” руски пилоти на небото испишаа ѕвезда (ВИДЕО)

Скриншот
Фигурата беше испишана на небото на осми март во соработка со мајсторот на акробатско летање Светлана Капанина.

Акробатската пилотска група „Рус” (Русь) по повод премиерата на филмот „Капетан Марвел” со помош на трага од чадот што го испуштаат авионите испишаа на небото ѕвезда, симболот на овој суперхерој. Снимката е објавена на официјалната страница на пилотската група на социјалната мрежа „ВКонтакте“.

Се наведува дека фигурата е испишана на осми март во соработка со мајсторот на акробатско летање Светлана Капанина.

„По повод премиерата на филмот „Капетан Марвел“ групата „Рус“ заедно со Светлана Капањина докажа дека  пилоти не постојат само во филмовите за суперхерои“, се наведува во соопштението.

Во Русија американскиот акционен филм „Капетан Марвел” премиерно беше прикажан на 7 март.

Акробатската пилотска група „Рус” е основана 1987 година на база на Вјаземскиот школски воздухопловен центар ДОСААФ. Нејзините пилоти настапуваат на разни аеромитинзи во авиони Л-39.

„Руска Валкира“: Запознајте го акробатскиот пилот Светлана Капанина

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња