На 4 март во Пекинг 188 патници се качија во авион на компанијата „Ер Чајна“. Сите беа среќни затоа што патуваат во сончевиот Лос Анџелес. Меѓутоа, авионот „Боинг 777“ се спушти на сосем друго место – на замрзнатата писта на аеродромот Анадир во најисточниот град на Русија, околу 3700 км од Владивосток. Додека авионот беше во воздух противпожарниот систем сигнализираше дека избил пожар во багажникот, така што авионот мораше итно да се приземји.
Штом слета авионот патниците беа принудени веднаш да го напуштат користејќи тобогани за евакуација и тоа на - 6 степени Целзиусови и под силни налети на ветрот. Сето тоа се случуваше многу далеку од Холивуд.
На видеоснимката поставена на „Јутјуб“ се гледа како лесно облечени возрасни луѓе и деца газат по снегот во правец на зградата на аеродромот.
Поставена е и фотографија од зградата на аеродромот каде се гледа како патниците лежат на подот.
„Сите патници беа сместени на меѓународни линии и во ВИП-чекалниците на аеродромот. За сите обезбедивме храна и пијалаци“, соопшти за медиумите на 5 март Леонид Николаев, заменик-губернаторот на Чукотската област. „Тука се и лекарите, но никој не бараше лекарска помош, никој не е повреден. Обезбедивме и четворица преведувачи за англиски и кинески јазик“.
Се покажа дека тоа била лажна тревога. На 7 марта друг авион на компанијата „Ер Чајна“ дојде по патниците и ги префрли во Лос Анџелес.
Слична ситуација се случи во ноември 2018 кога авион на компанијата „Ер Франс“ леташе со 280 патници од Париз за Шангај, но мораше принудно да се спушти во рускиот град Иркутск. Тогаш патниците поминаа три дена во Сибир, но не им беше дозволено да излезат од хотелот затоа што немаа визи!
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче