Претседателот на Русија Владимир Путин го потпиша законот со кој на припадниците на војската им се забранува поседување паметни телефони и комуникација со претставници на медиумите. Истите ограничувања ќе се однесуваат и на руските граѓани кои се повикани на воена обука. Документот што го потпиша шефот на руската држава е објавен на официјалниот сајт за правни информации.
Наведените категории граѓани сега нема да можат да пласираат и пренесуваат информации за припадниците на војската и другите граѓани кои се повикани на воена обука, членовите на нивните семејства или нивните родители. Во таквите податоци спаѓаат локацијата на лицето, неговата работа, активноста на воените единици, формацијата и организацијата.
Во законот посебно е пропишана забраната за користење на социјални мрежи и уреди со чија помош можат да се чуваат и преку интернет да се пренесуваат аудио записи, фотографии, видео и податоци поврзани со геолокација. Притоа е можно користење на телефони со тастатура.
Наведените ограничувања не се однесуваат само на оние во чии обврски влегува комуникацијата со медиумите и пренос на информации.
Државната Дума го усвои наведениот нацрт-закон на 19 февруари. Ваквите ограничувања предлагачите на законот ги сметаа за неопходни, бидејќи специјалните служби на одделни држави, терористички и екстремистички организации покажуваат, како што се наведува, посебен интерес за руската војска.
Интересно е што рускиот производител на луксузни телефони Caviar најави дека наскоро ќе пласира „Цар-телефон“ со тастатура без камера и блиц кој ќе чини 199 илјади рубли, нагласувајќи дека е наменете за припадниците на војската.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче