Необична лизгачка беше видена во со снег покриената околина на рускиот град Дзержинск, неколку километри западно од Нижни Новгород. И покрај студот што владееше надвор, таа лизгаше во црн едноделен костим за капење, носејќи само уште еден пар волнени ракавици.
Девојката подоцна изјави дека излегла со пријателка за да се фотографира. Објасни дека ѝ требале години тренинг за да го навикне своето тело на студенило: излегувала боса на снег и се капела во ледена вода.
Нејзината снимка наиде на различни реакции на социјалните мрежи. Некои сметаат дека не води доволно сметка за своето здравје и дека сето тоа го прави за да привлече внимание и собере лајкови, додека други се восхитуваа на нејзиниот позитивен став спрема животот. „Каква суперпозитивна убавица!”, напиша еден корисник на интернет. Друг се пошегува дека би било „пожешко“ на улиците доколку повеќе жени би го следеле нејзиниот пример.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче