Медведев се пошегува по повод печатната грешка за „56 милиони бугарски туристи”

Туристи на Црвениот плоштад

Туристи на Црвениот плоштад

Global Look Press

Премиерот на Русија Дмитриј Медведев на руско-бугарскиот деловен форум во сферата на туризмот се пошегува по повод печатната грешка во материјалот подготвен за него, каде пишуваше 56 милиони место 50 илјади бугарски туристи.

Тој потсети дека Бугарија годишно ја посетуваат околу половина милион Руси. Бугарите, според него, исто така одат на одмор во Русија. Не се толку многу, но бројот на посети е во пораст, пренесуваат медиумите. 

„Како што ми напишаа тука на хартија, последниве пет години бројот на посети се зголемил за 1,5 пати. А потоа следи неочекувана информација: бројот на туристи достигнал 56 милиони луѓе“, со насмевка прочита Медведев од материјалот подготвен за неговото обраќање.

Потоа тој објасни дека дошло до печатна грешка во материјалот и дека всушност се работи за околу 50 илјади туристи. Во секој случај, истакна Медведев, Русија навистина има што да им понуди на туристите.

„Би сакал да ја достигнеме бројката од споменатите 50 милиони“, заклучи Медведев.

Рускиот премиер исто така додаде дека Русија е подготвена да го развива користењето на електронски визи и да воведува поинакви современи визни решенија за да го зголеми бројот на туристички посети на земјата. Според него, рускиот проект во сферата на меѓународната соработка и извозот „предвидува работа на поедноставување на визниот режим за туристите од различни земји“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња