Кримскиот мост отсега го чуваат брзи десантни чамци на Росгвардија

Reuters

Во Керченскиот теснец се појавија новите брзи транспортно-десантни чамци БК-16 на Росгвардија, кои во Керч стигнаа од Севастопол, соопшти прес-службата на Росгвардија, пренесуваат медиумите. 

„Предавањето на чамците на поморскиот одред на силите на Росгвардија е извршено во церемонија под раководство на началникот на управата за заштита на објекти на море на руската гарда контраадмирал Андреј Шатаев”, соопшти прес-службата на Јужниот округ на силите на Росгвардија.

Кримскиот мост ќе го чуваат два десантни чамци кои беа тестирани во февруари во Севастопол.

БК-16 се опремени со навигациски и радиотехнички системи кои им овозможуваат долготрајни маневри. Можат да постигнат брзина до 80 километри на час.

Погледнете го видеото: Бродот „Аметист“ будно внимава на Кримскиот мост и ја чува поморската граница на Крим

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња