
1. Кога некој Русин сака да напише недвосмислена порака на тараба, се сеќава на оној збор од три букви кој го гледаме и на оваа табличка. А сѐ заедно без грдите зборови би можело да се преведе како „секоја чест“, „алал вера", „одлично“. Да речеме: „Алал вера, батка, како си се снашол во оваа Америка!“

2. Зборот „страв“ на ваква грдосија од возило со тонирани стакла која секој час може да направи нешто што не е во склад со сообраќајните прописи... навистина може да втера страв во коски.

3. „CBETO4KA“ или Светлана е некој со кого повеќе би сакале да си имате работа, особено ако дојде до мало потчукнување...

4. Важно е дека таа не се срами да признае кој е и што е.

5. А некои Русинки изгледа и премногу се опуштаат, па си даваат себеси погрдни називи како „стерва“, што е за нијанса поблаго од „кучка“.

6. Еве и една „пчелка“ во „Лексус“.

7. Тука е големо прашањето што сакал да каже авторот. „Тормоза“ се сопирачки, но во жаргон значат и луѓе кои не сфаќаат, односно будали. Прашање е и дали тие будали се во автомобилот или надвор?

8. Овој фраер сигурно сакал да каже дека никому не е должен за „Лексусот“ и сите останати животни успеси и кој знае што уште... Сѐ сам, значи. Алал да му е!

9. „BE3ET MHE“ е малку поскромен и едноставно признава дека го следи среќа.

10. Збор со безброј многу значења, кој еден Русин може да го изговори така што нема да можете да сфатите ни дали е пресреќен или е во безизлезна ситуација... Како и да е, да му посакаме среќен пат!

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче