Транссибирски воз во рускиот Приморски крај се пробива низ густи облаци од чад и оган (ВИДЕО)

primamedia.ru

Шумските и тревнатите површини зафатени од оган во рускиот Приморски крај се сѐ поголеми, пренесуваат медиумите, објавувајќи снимки на очевидци на кои се гледа како возовите се пробиваат низ густи ѕидови чад и оган.

Во реонот со сликовито име Пожарски толку гореше што на делницата меѓу две станици возот во еден момент исчезна од вид. А висината на пламените јазици достигнуваше, судејќи според снимката, и неколку метри.

Во Приморскиот крај од 1 јануари се зафатени со пожар 212 хектари од кои 77 се шумски масив. Специјален противпожарен режим е воведен во 11 реони и градски окрузи во регионот, а во борбата против огнената стихија се ангажирани стотици пожарникари и противпожарни возила. Од почетокот на оваа година спасувачите излегувале на терен повеќе од 3500 пати и ја гаселе запалената трева. Поради тоа еколошката ситуација е влошена, а чадот од пожарите достигна не само до Владивосток туку и до пограничните региони на Кина. 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња