Ни „п“ од пролет: Зошто на 1 март во Русија повторно пристигна зимата?

Иља Питаљев/Sputnik
Доколку случајно се наоѓате во Централна Русија, не му верувајте на календарот. 1 март е вистински зимски ден!

Ако ги прашате Русите кога почнува пролетта, ќе ви речат: на 1 март! Но, денешниов ден во Москва беше ваков:

И тоа не се најлошите фотографии снимени денеска. Небото е мрачно, снегот нѐ завеа, температурата е околу нулата. Рускиот март може да донесе уште поголеми изненадувања. На пример, ноќта на 18 март 2018 температурата во Москва падна под -27 Целзиусови. Ни останува само да се запрашаме со кое право тој студен месец го нарекуваме пролет...

Метеорологија против астрономија

Што однесува до тоа, Русија не се разликува многу од останатиот свет: метеоролошкиот календар вели дека секоја годишна доба трае три месеци. Тоа е многу удобно за водење статистика, која ги поседува доказите дека токму декември, јануари и февруари се најстудените месеци на северната хемисфера. Според тоа, пролетта почнува на 1 март, нели?

Астрономскиот календар, од друга страна, ни ја дефинира зимата како периодот меѓу зимската краткоденица (обично на 21-22 декември на Северната хемисфера), кога денот е најкраток, и рамноденицата (околу 20 март) кога денот и ноќта траат еднакво. А денес со овој астрономски критериум можеме добро да се утешиме. Убаво е да се знае дека ова сепак не беше првиот ден на пролетта:

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња