Мртов ладен: Кога Русин со нож во грбот излегува од болница на пуш-пауза (вознемирувачка снимка)

Игор Онучин/Sputnik

На руските социјални мрежи се појави снимка од болницата во Зеленодолск (околу 30 км западно од Казањ), на која маж во гаќи го бара излезот од болницата додека од грбот му стрчи дршка на голем  нож. Медицинскиот персонал оди по пациентот и се обидува да дознае каде тргнал, а тој кратко одговара: Да запалам. Лекарите сепак го убедија дека во моментот тоа не му е најпаметно и го вратија на операционата маса.  

Од Министерството за здравство на РФ изјавија дека мажот е успешно опериран, а ножот не ги повредил виталните органи, како и тоа дека се нашол во болницата во алкохолизирана состојба.

Ги предупредуваме читателите дека снимката е вознемирувачка:

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња