Кога Русин доцни на работа поради „Јарс“: Ракетен систем заглави во московскиот сообраќај? (ФОТО)

Телеграм-каналот 338 објави фотографии кои настанаа утрово на московската обиколница. Имено, рамноправно со останатите учесници во сообраќајот трпеливо се пробиваше мобилен лансер, кој во своето вооружување има едно од најстрашните оружја на светот. Се работи за интерконтиненталниот балистички ракетен систем РС-24 „Јарс“ кој се наоѓа во состав на Ракетните сили за стратешка намена.

Сообраќајот беше привремено запрен заради доаѓањето на ракетните комплекси од Ивановската област во подмосковско Алабино, где ће каде ќе се одвиваат подготовките за Парадата на Победата.  

Оваа ракета ја сочинува окосницата на стратешките ракетни сили на руската армија. Претставува модификација на ракетниот систем „Топол-М“. На оперативно борбено дежурство се наоѓа од 2009 година. Се произведува во 2 верзии, со стационарно базирање во специјални силоси, и во мобилна верзија која се наоѓа на платформата на тркала МЗКТ-79221.

Максималниот дострел на оваа ракета изнесува 12000 км. Може да носи 3-6 боеви блокови во кои се наоѓаат независно насочени боеви глави со сила од 300-600 кт. Ракетата се наведува по инерцијален пат.

Се претпоставува дека руските стратешки сили во свој посед имаат вкупно 110 ракети „Јарс“ (20 стационарни и 90 мобилни). Овие ракети се подготвени моментално да реагираат на евентуален напад на почвата на Руската Федерација и да нанесат фатални удари по условниот противник.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња