Каналот RT Documentary прикажува филм за руските дрифтери (ФОТО)

RTD
RTD премиeрно го прикажа својот нов документарец за дрифт-трките во Русија, лудо натпреварување со само неколку правила и максимална слобода.

Возачите во дрифт-трките при големи брзини прават свртувања од кои на обичниот човек му запира срцето. А кога температурите ќе паднат и патиштата се заледуваат, сето тоа личи на танц на мраз.

Овој спорт не е евтин, а дрифтерите го доживуваат како култ.

„Зграпчете ги своите последни пари, купете ги сите тие црева и цевки“, вели дрифтерот Фјодор Воробјов за RTD. „Ама кога ќе седнете зад воланот и ќе тргнете – тогаш сфаќате дека сето тоа вредело“.

Воробјов е натпреварувач во Руската дрифт серија, која е сѐ само не обична трка. Автомобилите се тркаат во парови, а единственото средство за движење напред е дрифтот.

Самата дисциплина е родена во Јапонија, но набргу потоа стана национален спорт во Русија. Дури и старите „Лади“ се фрлени во битката на заледените патишта. Побогатите професионални возачи користат подобри автомобили, а во различните надградби вложуваат милиони.

RT Documentary следи тројца натпреварувачи на нивното патување од Москва до Владивосток за да дознае како возачите се осмелуваат да вложат толку пари и слободно време во автомобили кои за две-три секунди се претвораат во крш.

Документарниот филм “Come Drift With Me” можете да го најдете преку овој линк.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња