Сликарското платно со Горбачовото „Простете“ продадено за речиси 200000 евра

Јуриј Лизунов, Владимир Мусаељан/TASS

Во Москва, за 12 милиони рубли, поточно за 13,8 (заедно со процентот што го зема аукциската куќа) е продадено сликарското платно под називот „Горбачов. Простете“. Почетната цена на „сликата“ беше 100 илјади рубли - околу 1300 евра. Купувачот сакаше да остане анонимен. 

Како настана оваа „уметничка провокација“, како што ја нарекоа во аукциската куќа „12 столчиња“? По лекцијата на Меѓународниот универзитет во Москва 2009 година еден студент, кого аукциската куќа го претставува како сликарот В. Иванов, го замолил поранешниот претседател на СССР да нацрта нешто на сликарско платно и да го потпише. Горбачов рекол дека верува дека студентот самиот е полн со фантазија и дека ќе нацрта подобро. Студентот истиот ден го додал зборот „Простете“ и по 10 години скапо го продаде тоа платно.  

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња