Путин: Сигурно ќе постигнеме успех

Kremlin Pool/Global Look Press
Претседателот на Русија Владимир Путин на крајот на своето годишно обраќање до Федералното собрание изјави дека само преку здружени напори на сите граѓани на Русија таа земја ќе се одржи како цивилизација заоснована на сопствениот идентитет и дека само така ќе се постигне успех.

„Пред нас се големи задачи, кон нивното решение одиме систематски и постепено, воспоставувајќи таков модел на социоекономски развој кој ќе овозможи да се обезбедат најдобрите услови за лична реализација на секој човек, а со самото тоа на достоен начин да се одговори на предизвиците на светот кој забрзано се менува, да се зачува Русија како цивилизација заснована на сопствениот идентитет, на многувековната традиција, на културите на нашите народи“, изјави рускиот претседател на крајот на своето излагање.

„Ќе успееме да ги постигнеме поставените цели, се разбира, само кога ќе ги здружиме нашите сили, само заеднички. Ако целото општество се обедини, ако сите нас, сите граѓани на Русија бидеме подготвени, ќе постигнуваме успеси во конкретните работи“, рече Путин.

Тој објасни дека таквото расположение на солидарност и желбата за промена се секогаш свесен избор на самите луѓе.

„Луѓето можат да направат таков избори кога ќе сфатат дека развојот на земјата зависи од нив самите, од резултатите на нивната работа. Кога се почитува и поддржува желбата на луѓето да бидат потребни и корисни, кога секој си ја пронаоѓа својата работа според внатрешниот повик и во согласност со својата душа. И, што е најважно, кога постои праведност, широк простор за слобода и еднакви можности, за работа, учење, иницијатива и иновативност. Овие услови за напредок не можат да се изразат во бројки и критериуми, но токму тие значат консолидација на општеството, вклученост на граѓаните во работите на државата, заедничка увереност во нашите сили. Тие се пресудни за постигнување  успех. А успех сигурно ќе постигнеме“, го заврши Путин своето обраќање.

Обраќањето на шефот на руската држава до Федералното собрание траеше 1 час и 27 минути. Говорот на претседателот најмалку 33 пати беше прекинат со аплауз.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња