Путин им порача на државните функционери: Немојте да очекувате дека ќе дојде комунизмот

Kremlin Pool /Global Look Press

Рускиот претседател им рече на оние чиновници кои сакаат да работат „по старо“ дека е подобро „веднаш да си одат“. „Ние не смееме да ги повторуваме грешките од изминатите децении и да чекаме да дојде комунизмот, мораме веднаш да ја менуваме ситуацијата на подобро“, изјави Путин.

Путин го почна своето излагање со зборовите дека задачите кои денес стојат пред руските власти се поставени во мајскиот указ и елаборирани во националните проекти. „Нивната содржина и насоките ги одразуваат желбите на граѓаните на земјата“, објасни тој, истакнувајќи дека „уште денес треба да се работи на стратешките цели” и дека „едноставно нема повеќе време за договарања и усогласувања”.

Според мислењето на Путин, помина времето на „воспоставување инструменти за постигнување на целите“ на власта. „Апсолутно е недопустливо да се отстапува од поставените насоки. Не смеат да се спуштаат ниту заобиколуваат поставените критериуми“, истакна шефот на руската држава, додавајќи дека „тие се сложени” и дека „бараат големи напори“. „Но тие се во согласност со размерите и брзината на промени во светот. Мораме да се движиме само напред, постојано забрзувајќи го движењето”, изјави рускиот претседател.

„А доколку некој повеќе сака да работи „по старо“ и да не се напрегнува, да избегнува иницијатива и одговорност, тогаш подобро веднаш да си оди“, додаде Путин. „Веќе слушам: тука не може, овде е премногу компликувано, таму не успева. Со такво расположение подобро да не ѝ се пристапува на работата“, објасни тој, истакнувајќи дека „луѓето не можете да ги измамите“. „Нив слабо ги интересираат бирократските развлекувања и секојдневната папирологија, на луѓето им е важно што е направено, како влијае тоа на нивниот живот и животот на нивните семејства“, рече шефот на руската држава.

„Не смееме да ги повторуваме грешките од изминатите децении и да чекаме да дојде комунизмот, мораме веднаш да ја менуваме ситуацијата на подобро“, заклучи Путин.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња