Директорката на „Сириус” Елена Шмељова им ја претстави на претседателите реализацијата на авторските образовни програми во три спорта: хокеј, уметничко лизгање и шах. Според неа, во текот на последните три години се реализирани 104 спортски програми: 42 во хокеј, 42 во уметничко лизгање и 20 во шах.
Кога Лукашенко виде на првиот слајд од презентацијата фотографија на која Путин игра хокеј, брзо реагираше: „Добра фотографија. Во движење“.
Шмељова го продолжи своето излагање, велејќи дека во„Сириус“ неодамна е стартуван специфичен систем на хокејска аналитика ICEBERG, кој е испробан на натпреварите на Националната хокеарска лига и Континенталната хокеарска лига, во руските и странските клубови. Според зборовите на авторот на овој систем, ICEBERG користи технологии на вештачка интелигенција, машински вид и анализа на големи количини податоци. Се наведува дека системот се покажал добро при осмислувањето на експериментални програми за подготовка и селекција на млади хокеари, што го потврдуваат нивните високи резултати на натпреварувањата. На пример, руската младинска репрезентација U-18 на Турнирот на пет нации ги порази противниците од САД, Шведска и Чешка.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче