Во Руската Дума е поднесен за усвојување предлог-закон за казнување на државните чиновници за навреда на граѓаните, изјави во петокот, 15 февруари, авторот на законот, пратеникот од редовите на Комунистичката партија на Руската Федерација Сергеј Казанков, пренесуваат руските медиуми.
Предлогот е поднесен откако неодамна сите ТВ-канали во Русија покажаа како еден чиновник ѝ се заканува на жителка на село во Брјанската област со физичка пресметка затоа што таа се жали дека од големите бари не може да оди по улиците.
„Законот не се однесува на новинари и блогери”, објасни пратеникот Казанков.
Меѓу другото, за очигледно непочитување спрема граѓаните државните службеници ќе мораат да платат казна од 10 до 30 илјади рубли (130 до 390 евра).
Повторен прекршок од овој тип или особено груба изјава, според предлог-законот, повлекуваат суспензија на рок од три години.
Законот ќе ги штити полнолетните граѓани кои имаат право на глас.
Претходно беше соопштено дека руското Министерство за телекомуникации не го поддржа предлог-законот поднесен во Думата со кој непочитување спрема властите се изедначува со ситно хулиганство.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче