Ракопис на руски лекар збуни странци: „Тоа не го пишувал човек, тоа е сеизмограм“

Има ли нешто полошо од ракопис на лекар? Има: ракопис на лекар кој мора да го дешифрира странец!

До таков заклучок дојдоа корисниците на социјалната мрежа Reddit откако видоа белешка на еден руски лекар. „Дали сте сигурни дека ова не го нацртал сеизмограф“, прашува еден корисник. 

Други корисник напиша дека зборовите ни најмалку не се разликуваат: „И како да го прочиташ ова?“  

„Јас сум Русин, но ниту јас не разбирам што пишува тука“, додава уште еден учесник.

Белешката е напишана 2012 година, но дури овој февруари се најде на социјалните мрежи. Можеби вие знаете руски и можете да го прочитате овој текст?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња