Железничкиот приод до Кримскиот мост ќе биде поместен поради археолошко наоѓалиште

most.life

Железничкиот пристап до Кримскиот мост ќе биде поместен за 150 метри, со цел да се зачува античката резиденција Манитра кај Керч, соопшти в.д. генералниот директор на Источнокримскиот историско-културен музеј Наталија Биковска.

Биковска соопшти дека е „постигнат договор со „Руски железници“ за поместување на трасата 150 метри појужно за да се зачуваат неистражените делови на комплексот, пренесуваат медиумите.

Таа истакна дека проектот за создавање на музејски комплекс опфаќа и посебен изложбен простор посветен на процесот на изградбата на железницата.

Есента 2018 година археолозите од Институтот за археологија на Руската академија на науки на подрачјето на Керч открија старогрчка населба која, според сегашните процени, потекнува од IV-III век п.н.е. и му припаѓа на периодот на процутот на Босфорското кралство.

На местото на населбата Манитра се наоѓала станбена зона од типот на вила и земјоделска зона со ограден простор за добиток и јами за жито. Во близина е откриена и некропола која не е ограбена.

Научниците претпоставуваат дека вилата му припаѓала на крупен аристократ или на еден од босфорските кралеви.

Прочитајте повеќе: Најважен настан во 2018 година за Русите е отворањето на Кримскиот мост

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња