Русија стана светски шампион во бенди во неверојатно финале (ВИДЕО)

Reuters
Репрезентацијата на Русија стана 12-кратен шампион на светот во бенди (хокеј со топка).

Во текот на целиот натпревар против Шведска „зборнаја“ ниеднаш не поведе, но во продолжението благодарение на челичната волја сепак дојде до победата во ова драматично финале.

Репрезентацијата на Русија во бенди стана 12-кратен првак на светот победувајќи го националниот тим на Шведска во продолжението со резултат 6:5. Беше тоа многу тежок меч.

Русите веќе во втората минута го примија првиот гол, за по десет минути Евгениј Дергаев да го изедначи резултатот со погодок од пенал. Понатаму ситуацијата во текот на целиот натпревар се менуваше на сличен начин. Швеѓаните пред крајот на полувремето искористија играч помалку во руската репрезентација и постигнаа уште два гола и на тој начин поведоа со 3:1.

Во второто полувреме Русите играа многу подобро, поостро и со повеќе мотивација. По неколку напади Алмаз Миргазов го намали водството на Швеѓаните на 2:3. Меѓутоа, само по три минути домаќините го зголемија водството, а во 71 минута Русија со погодокот на Дергаев повторно го намали.

Скандинавците пред крајот на мечот дадоа извонредно убав гол и поведоа со 5:3, но Русите многу бргу одговорија со прецизниот погодок на Миргазов (4:5).

Неколку секунди пред крајот Јуриј Викулин изедначи и со тоа овозможи „зборнаја“ евентуално да извлече победата во продолжението. Токму тоа и се случи. Во втората половина на продолжението, во 102 минута од натпреварот, Миргазов го постигна шампионскиот гол.

Русија на тој  начин 12 пат стана светски првак во бенди, практично одбранувајќи ја титулата, затоа што и на претходно светско првенство Русите исто така беа први.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња