Руски уметници гледаат фантастичен спој на домашни и странски брендови (ФОТО)

Unreal Collaboration
Што ќе добиете ако вкрстите советска сода бикарбона и патики „Баленсијага“?

Руските уметници на „Инстаграм“-профилот Unreal Collaboration сонуваат за соработка со различни брендови. Погледнете што би се случило кога девојчето од обвивката на познатото руско чоколадо „Аљонка“ би наметнала шал од „Гучи“.

Боите на најпозната руска сода бикарбона се совршен избор за патиките „Баленсијага“.

Картата на „Белморканал“ одлично би стоела на јакна „Норт Фејс“ (The North Face).

Соработката меѓу „Ролекс“ и „Роллтон“ (бренд на инстант-паста) би била еден вид потсетник на скромното потекло на сопственикот на ваков скап часовник.  

Сите сонуваат да имаат некаква штосна дуксерка, па и јунаците од руските цртани не се исклучок.

Уште една идеја со брендот „Баленсијага“: луксузни полиетиленски навлаки за обувка во болниците! Откако нивното лого се појави на запалки, сѐ е можно!  

Соработка на љубителите на салами и скапи украси.

Јакна „Стоун Ајленд“ (Stone Island) и руската лековита маст „Ѕвезда“: двојна заштита од настинка. 

Лименка лошо пиво „Балтика“ на приврзок за клучеви „Келвин Клајн“? Зошто да не!

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња