Фјодор Емелјаненко сѐ уште не се решил дали ќе ја продолжи кариерата, но веб-сајтот „Спорт Експрес“ пишува дека неговите одлични односи со претседателот на лигата „Белатор“ Скот Кокер можат да доведат до потпишување нов договор. Кокер не само што има огромна почит спрема Фјодор, туку и ги сака борбите на ветеранот. „Спорт Експрес“ смета дека хрватскиот ММА борец Мирко Филиповиќ наречен „Кро Коп“ е прв на списокот на можни соперници.
„Кро Коп“ или „хрватскиот полицаец“ е две години постар од Фјодор (44-42), има една победа помалку во кариерата (37-38) и пет порази повеќе (11-6).
Мечот Емелјаненко – Филиповиќ во август 2005 беше најголемиот меч на првата деценија на 21 век, потсетува „Спорт Експрес“. Фјодор тогаш како актуелен шампион на лигата „Прајд“ го победи Хрватот на поени. Меѓутоа колку е Мирко опасен сега? Тоа можеме да го видиме на 16 февруари кога тој ќе се бори против Рој Нелсон. Исто така треба да се знае и дека од ноември 2013 година Филиповиќ нема ниеден пораз. Мирко оствари 8 од 9 победи со нокаут, додека Фјодор паѓаше во 4 од последните 5 борби. Така што средбата Емелјаненко – Филиповиќ е многу ризична за Фјодор, но и е мечта на сите љубители на ММА, пишува „Спорт Експрес“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче