На снимката може да се види како младичот префрла преку девојката бурка (муслиманска женска облека која ги покрива целото тело и лицето), ја грабнува и се обидува да ја однесе до автомобилот, но се сопнува и паѓа врз неа најпрвин на скалилата, а потоа и пред отворените врати на возилото.
Можат да се чујат и разочараните гласови на сведоците на ова грабнување, од кои едниот моли тоа да не се снима.
Корисниците на интернетот со своите коментари го исмеаја несреќниот киднапер. „Кутра девојка! Кога веќе ќе престане тој циркус, прописно се испокршија“, искрено сочувствуваа едни. „Девојката мора навистина да сака да се омажи, ако после сето тоа остане со него. Двапати ја спушти, а не ја ни праша како ѝ е, туку само ја влечеше понатаму. Момци, немојте повеќе да се срамотите, не умеете ни прописно да грабнете девојка, а уште сакате и да го снимате тоа“, зајадливо коментираа други.
Обичајот со „грабнување” на невестата на Северен Кавказ е обновен на почетокот на 90-те години на минатиот век. Против овој обичај се води сериозна борба: врз основа на секоја пријава што полицијата ќе ја добие, се отвора кривична постапка. Така на 14 декември 2018 година во Ингушетија врз основа на пријава на братот на една девојка е уапсен 25-годишен маж кој ја грабнал 16-годишната девојка. Во сите случаи се покренува кривична постапка врз основа на членот од законот „грабнување“, кој предвидува казна затвор до 15 години.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче