Руски одговор на Холивуд: Тие се денес најубавите руски глумици

Холивудските глумици во нашата претстава се раскошни, величествени и совршени нимфи кои мажите ги сонуваат и на кои жените во целиот свет сакаат барем малку да личат. Ние ќе ви докажеме дека руските глумици не се помалку убави и елегантни и дека можат да се натпреваруваат со холивудските ѕвезди.

Светлана Хотченкова

Светлана Хотченкова дебитираше во филмот на Станислав Говорухин „Благословете ја жената“ и беше номинирана за руската филмска награда „Ника“ за најдобра актерка. За 15 години кариера има глумено во речиси стотина филмови и серии. Ја видовме и во холивудските остварувања „Момче, дама, крал, шпион“ и во „Вулверин“.

Јулија Снигир

Јулија Снигир на екраните за првпат се појави во спотот на познатата песна „До скора средба“ на групата „Звери“. Првата улога ја оствари во филмот „Последното убиство“. Минатата година ја доби наградата на Владата на Руската Федерација во областа на културата и уметноста за улогите во сериите „Екатерина Велика“ и „Крвавата дама“.

Елисавета Бојарскаја

Елисавета Бојарскаја е добитничка на многу престижни театарски и филмски награди. Минатата година освои „Злате орел“ во категоријата за најдобра женска улога на телевизија за улогата на Ана Каренина во серијата „Ана Каренина. Приказната за Вронски“, како националното признание „Заслужена уметница на Руската Федерација“ за својот голем придонес во развојот на националната култура и уметност и за долгогодишната дејност.

Равшана Куркова

Равшана Куркова има одиграно повеќе од педесет улоги, а попознати се оние во филмовите „За љубовта“ на Ана Меликјан и „Бела врана“ на Ралф Фајнс, сериите „А, во нашиот двор“, „Брвиха“ и „Вљубена жена“. Куркова снима и музички спотови, реклами и работи во театар.

Марија Кожевникова

Марија Кожевникова од несериозна блондинка, позната по серијата „Универ“ и по филмот „Духлес“, стана сериозна глумица. Ја освои наградата „Златен орел“ во категоријата за најдобра женска споредна улога за филмот „Баталјон“. За таа улога дури и ја избричи главата. Минатата година беше одржана премиерата на воената драма на Константин Хабенски „Собибор“, во која Кожевникова одигра една од главните женски улоги.

Паулина Андреева

Паулина Андреева се прослави благодарение на улогата во серијата „Затоплување“ во која играше пејачка и ја отпеа романска која потоа стана голем хит. Мината година во серијата „Подобри од луѓе“ глумеше робот-убиец. Освен тоа, Андреева веќе повеќе од осум години е и театарска актерска.

Јулија Пересиљд

Јулија Пересиљд во светот на филмот се проби по улогата во драмата на Алексеј Учитељ „Раб“. Има глумено во над четириесет филмови. Во 2013 година ја дови наградата на претседателот на Руската Федерација за млади културни дејци „за придонес во развојот на националната театарска и филмска уметност“.

Екатерина Климова

View this post on Instagram

Хороших выходных 🐳

A post shared by Ekaterina Klimova (@klimovagram) on

Климова во светот на филмот дебитираше во 2001 година во трагикомедијата „Отрови или Советската историја на труењето“, а една од најзабележаните улоги ја имаше во филмот „Ние сме од иднината“.

Александра Бортич

View this post on Instagram

🌸 @bortich 🌸

A post shared by Sasha Bortich💔 (@bortichfan) on

Александра Бортич има само 24 години, но веќе успеа да одигра главни женски улоги во многу успешни филмови и да освои награди, признанија и позитивни критики. „Духлес 2“, „За љубовта“, „Викинг“, „Полицаецот од Рубљовка 2“ и „Обична жена“ се само некои од познатите филмови во кои има играно. Освен тоа, списанието „Гламур“ во 2018 година ја прогласи за жена на годината.

Настасја Самбурскаја

Настасија Самбурскаја се прослави благодарение на серијата „Универ“. Денес глуми и во театар и на филм, а полека се претвора и во пејачка и во телевизиска водителка.

Јанина Студилина

Студилина стекна голема популарност по улогата во серијата „Ранетки“. Оттогаш оваа глумица има играно во разни филмови и серии. Премиерата на филмот на Реза Гигинеишвили „Трезен возач“, во кој Јанина одигра една од главните улоги, е закажана за март.

Ана Чиповскаја

Ана Чиповскаја има дебитирано во серијата „Операција Подобра нација“, а се прослави благодарение на улогата во серијата „Драга Маша Берјозина“. Една од нејзините највпечатливи улоги беше во серијата „Затоплување“ за која е номинирана за наградата „Златен орел“ во категоријата најдобра женска телевизиска улога.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња