Во Валаамскиот манастир среде зима берат ананаси

Валаамски манастир

Во Валаамскиот манастир на остров во езерото Ладога на северот на Русија монасите одгледуваат ананаси. Додека надвор е меќава и дува студен ветер, во топлата оранжерија расте ова овошје. Можеби не се многу крупни, но затоа се зрели, сочни и многу благи.

Некогаш одамна монасите тука одгледувале лубеници и дињи, а сега поминаа на ова егзотично овошје од далечната Колумбија.

На ананасите не им пречат мразот и снегот, затоа што во рајската оранжерија е топло и светло. Околу нив растат краставици, домати, босилек, магдонос, коријандер, но ананасите во саксии сигурно привлекуваат најмногу внимание.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња