Путин проба маска за виртуелна реалност при посетата на универзитетот „Ломоносов“ (ВИДЕО)

Рускиот претседател се сретна со студентите на најстариот универзитет во земјата во пресрет на заседанието на советот на покровителите на МГУ.

Студентите на Московскиот државен универзитет (МГУ) го запознаа Владимир Путин со своите иницијативи. Рускиот претседател разговараше со нив во универзитетскиот музеј на антропологија во пресрет на заседанието на советот на покровители на МГУ, одржано на 23 јануари како претходница на одбележувањето на Серускиот ден на студентите.

Владимир Путин ја проба маската за виртуелна реалност кој е дел од постановката на музејот.

А потоа студентката Катарина, која е и членка на студентскиот театар на МГУ, потсети дека во Русија 2019 година со претседателски указ е прогласена за Година на театарот и предложи да се одржи серуски студентски театарски фестивал.

„Колку чини тоа? Веднаш кажувај“, одговори Путин. „Тоа е добра идеја. Едноставно одлична. Ќе го прошириме спектарот на Годината на театарот со помош на луѓе кои не се занимаваат со театар професионално, туку го сакаат театарот. Тоа е многу добро. Со задоволство ќе го поддржам овој предлог, само треба да знаеме што конкретно да направиме“.

Рускиот претседател праша каков костум носи девојката. Се покажа дека се работи за свечена носија на московска селанка од XIX век. За крај на разговорот Путин ја замоли Катарина да отпее нешто.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња