Марамите за глава на руските бабушки станаа моден хит меѓу западните мажи – познатите почнаа да се појавуваат во нив во јавност или да објавуваат фотографии на социјалните мрежи, пишува „Њујорк Тајмс“, пренесуваат руските медиуми.
Предводник на трендот е раперот A$AP Rocky кој во ноември 2018 се појави во јавност со марама со цветен дезен.
Музичарот Френк Оушн на „Инстаграм“ објави фотографија во марама. "FaceTimes in Babushka", напиша Оушн под фотографијата.
Трендот го прифати грузискиот дизајнер и основач на марката Vetements Демна Гвасаља, кој моделите на ревијата на овој бренд за сезоната есен/зима 2018 ги украси со марами и шалови.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче