Снег проследен со молњи и грмежи ги изненади вечерта во саботата жителите на рускиот главен град. Снимките покажуваат надреална комбинација од светлина, темнина и молњи.
Снимките кои Московјаните ги објавија на социјалните мрежи покажуваат силна снежна бура здружена со повремено блескотење на молњи и грмежи.
Бура со грмежи е вистинска реткост во текот на зимските месеци во Москва. Ова е дури деветто вакво невреме во последните 50 години, а последен пат е забележано во февруари 2015 година.
„Ова е вистински пекол“, напиша еден од корисниците на „Инстаграм“, коментирајќи ги го она што се случува пред неговиот прозорец.
В ночь на 19 января в Москве во время снегопада и метели произошла гроза с молниями и раскатами грома. pic.twitter.com/peKV9oL3O5
— Телемастер Игорь (@Telemaster68) 19 January 2019
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче