Руски медиуми: Каква е тоа раса шарпланинец?

Михаил Климентјев/Reuters
Претседателот на Србија Александар Вучиќ му подари на рускиот лидер Владимир Путин четиримесечно шарпланинче по име Паша.

Руските медиуми му посветија внимание на овој подарок и детално пишуваат за него. На пример, во една статија се наведува дека локалните жители ги нарекуваат шарпланинците „бисери на планинските снегови и ливади“ (ние на интернет не најдовме потврда на тој податок – можно е рускиот новинар да се обидел со тој прекар да го изрази односот на локалното население спрема омилената раса – заб. на ред.).

Расата југословенски овчарски пес се појавила 1938 година на Балканот, во Меѓународната кинолошка федерација (FCI) је регистрирана 1939 година под називот „илирски овчар“, а од 1957 го добив новиот официјален назив: југословенски овчар – шарпланинец.

Со години во поранешна Југославија беше забрането да се пренесуваат шарпланинци преку граница. Првпат овој пес од автохтона раса е продаден во странство 1970 година. Денес шарпланинци се одгледуваат во САД, Канада и Франција.

Шарпланинецот е многу крупен пес. Може да биде висок 70 цм, а тежок 35-40 кг. По изгледот потсетува на кавкаски овчар. Се смета дека предците на оваа раса живееле на Балканот во близина на населбите на Шар планина, на планините Стогово, Бистра, Кораб и во националниот парк Маврово.

Во Македонија постои предание дека овој овчарски пес е потомок на волци кои ги одгледал ловец. Шарпланинецот е мирен и добродушен, сака да биде со луѓе, но признава само еден стопан, кого беспрекорно го слуша.

Организираното одгледување шарпланинци почнало 1947 година во македонското село Гари. Во текот на 1960-те години популацијата на овие кучиња се намалила, а 1976 расата била на работ на опстанок. Заради нејзино зачувување е основано одгледувалиштето Кораб, каде се создадени сите услови за одгледување на овие кучиња. Во него се уште се одгледуваат најчистокрвните југословенски овчари.

Кучињата од оваа раса се многу издржливи и можат да спијат на снег. Главата, ушите и предниот дел на шепите им се покриени со кратко влакно, а на вратот, грбот, задниот дел на шепите и на опашката е долго. Дозволени се сите нијанси на боја, почнувајќи од бела па се до темносмеѓа. Најмногу се ценат зеленкасто-сивата и темносивата варијанта.

Шарпланинците се користат за чување на овци од волци и други грабливи ѕверови на планинските пасишта, за чување на заграден простор и како службени кучиња.

Прочитајте повеќе: Руските новинари за кученцето Паша: Ќе биде паметно и верно куче, но со тврдоглав карактер

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња