„Ние сме артилерци”: Путин рече дека чин поручник добил како артилерец

Reuters

Претседателот на Русија Владимир Путин добил чин поручник како командир на вод на хаубичка артилерија. Тој го спомена тоа при посетата на Петропавловската тврдина во Санкт Петербург.

Рускиот лидер исто така истрела традиционален попладневен плотун од топ. Кога пријде почесниот градежник на Русија Владимир Бендет, кој на Божик наполни 85 години, претседателот му го честиташе роденденот и му подари пенкало.

Путин притоа истакна дека и тој и Бендет се артилерци и додаде дека чин поручник добил како припадник на артилеријата, пренесува ФАН.

„Излезе дека обајцата сме артилерци. Јас добив чин поручник како артилерец, како командир на вод на хаубичка артилерија калибар 122 милиметри“, рече Путин.

Покрај тоа, шефот на руската држава накратко поразговара со ученици на Суворовската воена гимназија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња