Претседателот на Русија Владимир Путин на Божик го посети фестивалот на скулптури од мраз „Пат околу светот“ на територијата на Петропавловската тврдина во Санкт Петербург.
Меѓу останатите разновидни фигури таму е поставена и ледена касичка-прасица, на која претседателот залепи паричка и, веројатно, притоа си замисли желба.
Фестивалот „Пат околу светот“ се одржува во Петербург во текот на новогодишните празници. Главен експонат е брод висок речиси осум метри со црвени едра. Тука се претставени и сите континенти со карактеристична архитектура, растителен и животински свет, како и подводниот свет на океаните.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче