За радосниот настан во животот на семејството Калоеви соопшти Арсен Фадзаев на „Инстаграм“.
Кога во 2002 година над Боденското езеро се судрија два авиона, Ту-154 на компанијата „Баршкирские авиалинии“ и товарен „Боинг“, загинаа 71 лице. Меѓи нив, животите ги загубија жената, ќерката и синот на Калоев.
Во февруари 2004 година Калоев го уби Петер Нилсен, кој беше дежурниот диспечер во моментот на судар на авионите. Судот во Цирих во 2005 година го осуди Калоев на осум години затвор, а во ноември 2007 Федералниот врховен суд на Швајцарија го ослободи пред истекот на затворската казна.
Калоев ожени вторпат летото 2018 година. Имињата на неговите новородени деца засега не се познати.
Калоев за весникот „Московски комсомолец“ изјави дека по раѓањето на неговите деца неговиот живот повторно добил смисла.
„Животните околности се такви што повторно добив деца, и сега мојот живот повторно има смисла“, рече Калоев.
Случајот на Виталиј Калоев послужи како основа за два играни филма. Првиот филм се вика „Последици“ („Aftermath“), и во него главната улога ја игра Арнолд Шварценегер, а вториот е „Непростени“, каде главниот јунак, чија судбина е пресликана од онаа на Калоев, го толкува Дмитриј Нагиев.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче