Во интернет-продавницата „Амазон“ во пресрет на Нова година се појавија џемпери со ликот на Дедо Мраз кој потсетува на претседателот на Русија Владимир Путин.
На џемперот Дедо Мраз со разголен горен дел од телото јава на ирвас. Џемперот е од чист памук и чини од 1,5 до 2 илјади рубли (21,99-29,99 долари), пренесуваат медиумите.
Купувачите веќе покажаа во коментарите дека ова парче облека им се допаѓа. Еден од нив напиша дека благодарение на овој џемпер го зазел второто место на натпреварот за најдобар џемпер меѓу 40 луѓе.
„Тоа е како Путин со разголено торзо на коњ, само уште подобро. Хит на празничната забава во мојата компанија“, напиша воодушевениот купувач.
„Се разбира, цртежот е полн погодок. А дали е тоа Дедо Мраз или Путин, одлучете самите“, напиша друг купувач, пренесува „Ридус”.
Путиновата фотографија на коњ е направена во Тува. Оваа снимка, без претерување, во САД стана најпопуларната фотографија на претседателот на Русија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче