Тригодишно сибирско момче одело 3 километри по лут мраз низ шума и се спасило

Николај Гингазов/Russian Look

Татко и син од едно село во Хабаровскиот крај тргнале по градинка да се повозат со моторна санка низ шумата. Детето за среќа било на брегот на реката во моментот кога пукнал мразот под тежината на санката, пренесуваат медиумите. Мажот не успеал да се извлече од водата и му рекол на синот да оди во продавницата во која работи мајката на детето.

Тригодишното дете лесно ја нашло шумската патека, но се движело, за жал, во обратен правец. Дури околу 8 часот вечерта го пронашол еден локален жител и го однел дома.

Детето по најголем мраз поминало околу 3 км. Во Хабаровскиот крај сега температурата ноќе се спушта до -35 степени Целзиусови. Таткото, за жал, сѐ уште не е пронајден. Потрагата трае од 22 декември.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња