Совети на руски лекар: Што да правите кога децата зиме ќе си го залепат јазикот за метална лулашка

Виктор Погонцев/Russian Look

Доколку јазикот на мраз се залепи за некаков метален предмет, треба само да дишете на тоа место и во никаков случај да не користите запалка во обид да го одлепите, изјави Екатерина Иванова, лекар по општа пракса.

Иванова рече дека зиме јазикот многу лесно се лепи за метал, затоа што влагата од јазикот во контакт со студен метал се претвора во мраз и го заковува човекот за ледениот предмет, независно дали е тоа лулашка или, да речеме, рачка на врата, пренесуваат руските медиуми. Таа нагласи дека ваквите ситуации најчесто им се случуваат на децата и дека во тој случај треба да се преземат следните активности. Пред сѐ, да се смири детето и да се замоли да дише, насочувајќи го воздухот кон металот. На тој начин, од топлиот здив мразот ќе се стопи и јазикот ќе може да се ослободи. Ако при рака се има вода (може и студена) треба да се сипе на местото на кое јазикот се залепил за железото.

Московската лекарка нагласи дека никако не треба на сила да се влече детето во обид да го одвоите од металот, затоа што тоа ќе доведе до повреда на слузницата на јазикот, а на тој начин настанатата рана долго ќе биде болна и тешко ќе зараснува. Исто така, не треба да му се вика на детето, затоа што тоа би можело уште повеќе да го уплаши и да доведе до нагло движење и повреда на слузницата на јазикот и усните. Покрај тоа, ни случајно не треба да се користи запалка за да се загрее металот, затоа што детето на тој начин може да се уплаши и да си го изгори лицето.

Доколку јазикот сепак се повреди, раната треба да се третира со раствор на хлорхексидин, а подоцна, неколку дена да се плакне устата со камилица и да му се дава на детето мека, пасирана храна. Докторката додаде дека на децата треба да им се зборува дека зиме треба да внимаваат да не допираат со јазикот метални предмети и да им се објасни до што може да доведе тоа.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња