Hunter Killer (Ловец убиец) е филм за неискусен капетан на американска подморница (го глуми Џерард Батлер) кој во соработка со специјалните единици го спасува рускиот претседател во водите на Арктикот. Претседателот во филмот е заложник на рускиот министер за одбрана кој подготвува пуч и се заканува да предизвика трета светска војна.
На конференцијата за печат на Путин му беше поставено прашање за овој филм. Претседателот на Русија имаше доволно трпение мирно да го сослуша делот за злобниот министер за одбрана и грабнувањето, но не можеше да му се начуди на богатството на холивудската фантазија кога приказната дојде до влегување на американска подморница во воена база на Арктикот.
„Во чија база? Наша база?“, праша Путин. „Тоа е веќе неверојатно сценарио. Научна фантастика! Па двата мали чамци кои САД ѝ ги подарија на Украина не поминаа низ Керченскиот теснец, а вие би сакале американска нуклеарна подморница да влезе во наша база! Лош филм“, одмавна со рака Путин и го заврши разговорот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче