Руски хокеарски навивач даде гол преку цел терен и освои милион рубли

Навивачот на хокеарскиот клуб „Ак Барс” Иљас Хасаншин од Казањ освои милион рубли (околу 13200 евра) кога со удар преку целиот терен го испрати пакот во гол. Снимката од овој погодок е објавена на групата „Ак Барс” на социјалната мрежа „ВКонтакте”.

„Не можам да опишам како се чувствувам, ми доаѓа да пукнам од среќа. Мислам дека парите ќе ги потрошам на своите најмили, на родителите, на семејството и синовите“, изјави Хасаншин по погодокот.

Заедничката акција на хокеарскиот клуб и банката „Ак Барс” почна на 17 октомври. Навивачите имаа задача со погодок од линијата на голот да го испратат пакот во отворот на плочата со која е покриен спротивниот гол. На секој домашен натпревар можеа да се обидат петмина гледачи по случаен избор. Пред Хасаншин никој не успеа да го погоди спротивниот гол.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња