На изборот за Мис на Светот Русија за првпат ќе ја претставува азиска убавица (ФОТО)

Евгениј Бијатов/Sputnik
На 8 декември во Кина ќе се одржи изборот за Мис на Светот, а ние ви ја претставуваме претставничката на Русија, 19-годишната Наталија Строева од Јакутск.

Наталија е родена во 1999 година во Јакутск, главниот град на Република Јакутија (Саха, Источен Сибир).

Мајката на Наташа која била Јакутка починала многу рано, а без татко ѝ кој бил Русин останала кога имала 12 години. Израснала во семејството на својот постар брат.

Кога имала 14 години за првпат дошла во школата за манекени во Јакутск и станала професионален фотомодел.

Со оглед на тоа дека имала желба да стане дерматолог или пластичен хирург Наташа се запишала на медицински факултет во Јакутск.

Во 2017 година стана Мис на Република Јакутија.

Како претставничка на Јакутија учествуваше на изборот за Мис на Русија.

Избрана е за трета најубава жена во Русија, односно втора придружничка на Мис на Русија 2018.

Наталија Строева продолжува да студира медицина во Москва.

Во интервју за руските медиуми вели дека секој успех го посветува на своите родители кои се на небото.

Да ѝ посакаме многу среќа на изборот за Мис на Светот 2018!

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња