Турскиот шеф Нусрет Гекче, кој на интернет стана познат по специфичниот гест со кој сипува сол, му даде на претседателот на Чеченската Република Рамзан Кадиров залак месо од нож.
Процесот на сервирање на јадењето од месо го снимаа неколку камери, како и самиот Кадиров. Снимката е објавена на Telegram-каналот „2ch/Двач”, по што ги преплави социјалните мрежи.
Кадыров был в миллиметре от острия ножа!
— Алексей Иванов (@FreshBreeze99) 22 November 2018
Пока вы снимаете котиков! Настоящие мужчины снимают "слепых" с кинжалами!! pic.twitter.com/b5kFEwrcTt
На снимката се гледа како турскиот шеф, познат под прекарот Salt Bae, го сече месото, го посипува со сол и, откако става парче месо на нож, му го подава на Кадиров.
Готвачот Нусрет Гекче се прослави минатата година кога на „Твитер“ објави снимка на која вешто отсекува парче месо и го посипува со сол со специфично движење на раката.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче