Руски рибар улови „врескав“ црв (ВИДЕО)

Роман Фeдорцов, рибар од Мурманск, објави на социјалните мрежи снимка од необично животно какво што понекогаш пронаоѓа на бродот на кој работи во Баренцовото море.

Потписниците ги импресионираше изгледот на животното, така што почнаа да ја споделуваат видеоснимката.

Необичното животинче е всушност вид на многучетинестиот црв  (Polychaeta) кој главно живее на морското дно, а неговата должина може да биде од два милиметри до три метри. Некои видови на делот на главата имаат круна од пипки.

Рибарот изјави дека додека ги набљудувал движењата на црвите сфатил дека безрбетникот може да произведува страшни звуци па така поставил мал специјален ефект. На тој начин доби атрактивна снимка и го привлече вниманието на корисниците на социјалните мрежи.

Роман Фeдорцов работи на рибарски брод во Баренцовото море и на социјалните мрежи редовно објавува снимки од необичниот улов, риби и други чудни морски суштества од рибарската мрежа. Тие снимки на фантастични, а понекогаш и навистина застрашувачки чудовишта од морските длабочини се исклучително популарни, а Федорцов стана автентична интернет ѕвезда.

Прочитајте повеќе: Застрашувачки суштества од морските длабочини уловени од руски рибар (фотографии)

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња