Во Санкт Петербург е отворено ново кафуле-ресторан под името „Добродомик” кое за пензионерите служи бесплатен ручек. Угостителите Евгениј Гершевич и Александра Сињак одлучија да ја воведат оваа пракса откако во еден од нивните угостителски објекти под името „Чешка куќа“ во ноември 2017 година дошол еден старец. Сињак вели дека не чувствувала дека е во ред да земе пари од него.
Така хуманите угостители почнале да служат бесплатен ручек за пензионерите, но притоа наишле на еден проблем. Нивното кафуле со осум маси не можело да ги нахрани сите гладни усти, така што отвориле дополнителен простор.
Велат дека во моментов секојдневно даваат бесплатен оброк за 250 пензионери и така ја демантираат старата изрека дека „ништо не е за џабе“. Сињак ги повика другите угостители да им се придружат.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче