Во Сибир спасено куче оковано во езерски мраз

Прес-служба на „Забајкалпожспас“

При обиколката на крајбрежната зона на локалното езеро во Забајкалскиот крај во Сибир вработените во службата за спасување и потрага здогледаа куче кое неподвижно лежеше. Кога се приближија забележаа дека задните шепи и опашката му се оковани во мразот и дека не може да се помести.

Спасителите со помош на инструментите кои им беа на располагање веднаш го ослободија животното од мразот и го извлекоа на брегот. Пред да го пуштат го загреаја кучето во затворена просторија и го нахранија.

Уште еден сличен настан беше забележан деновиве во Сибир, во градот Омск, каде неколкумина тинејџери, откако дознале од социјалните мрежи дека во езерото покрај градот замрзнале лебеди, спасија четири птици. Се покажа дека се работи за млади птици кои сѐ уште не умеат да летаат и кои на крајот беа сместени на фарма за ноеви, каде ќе бидат до пролет. За едно младенче чие крило беше скршено волонтерите и заштитниците на животни собраа пари за да му се помогне.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња