Видео: Во Владивосток неколку момчиња се преправија во автобус за да поминат преку мост

Како пеш да поминете мост кој не е дозволен за пешаци? Во најисточниот руски град Владивосток група момчиња смисли итар план како да го заобиколи ова ограничување – се преправија во автобус.

Видеото што се појави на социјалните мрежи прикажува четири момчиња кои поминуваат преку заливот Златен рог носејќи голема жолта кутија во вид на автобус... тие се движат покрај патот сѐ додека не ги забележи обезбедувањето и не им наложи да се вратат назад. Можеби не успеаја во својот потфат, но секако покажаа инвентивност.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња