Москва е аждаја: Погледнете што троши овој мегаполис за еден ден

За само еден ден московјаните пијат цел базен од Меморијалот на Линколн, а за гориво трошат пари со кои може да се купи рајски отров.

Во Москва живеат 12.5 милиони луѓе. Ако сите жители на овој мегаполис се фатат за рака и застанат во низа, должината на низата ќе изнесува 21.8 илјади километри (малку повеќе од половина од должината на екваторот!). Доколку почетокот на низата би бил во центариот на Москва, лицето од средината би стоело во Рио де Женеиро, 11 илјади километри од центарот.

Доколку сите Московјани би се качиле еден на друг на рамена, под услов секој да има просечна височина од 175 сантиметри, би направиле пирамида висока 21 илјада километри. Оние кои би стоеле на врвот на пирамирадата би биле во егзосферата и би можеле да ги набљудуваат летовите на вселенските бродови. Секако, би морале да носат скафандер.

Москва има жители колку и Финска, Нов Зеланд, Катар и Маурициус заедно.

По површината Москва е приближно еднаква на Луксембург – 2.4 илјади квадратни километри. Тоа се вкупно 5.700 Ватикани!

За толку голем град е потрeбно и многу храна. Само за еден ден московјаните трошат 32.877 тони прехранбени производи. Тоа е приближно тежина на 234 огроми сини китови (секој тежи по 140 тони).

Во текот на летните денови московјаните изедуваат 300 тони сладолед. Тоа е тежина на 50 огромни африкански слонови (ако еден слон тежи 6 тони).

Доколку се подразбира дека човек дневно пие по два литри вода, Москва секојдневно троши 25 милиони литри свежа вода. Точно толку вода може да се собере во Рефлектирачкиот базен во Меморијалот на Линколн. Еден ден – еден базен.

А, треба и да се бањаат! За да се наполнат сите московски кади, за да се пушти вода во сите тоалети и да се опслужат сите технички објекти, дневно се потребни околу 200 литри вода по лице. Оваа огромна запремнина вода е еднаква на запремнината на стотина базени од Меморијалот на Линколн. Еден ден – сто базени.

Во Москва постојат неверојатно многу куќи и станови. Своите станбени површини Русите ги мерат во квадратни метри. Спроед процените на Федералниот завод за статистика, вкупната површина станбени објекти на московјаните во 2016 година изнесувала 237 милиони квадратни метри. Тоа е речиси 50% повеќе од површината на Лихтенштајн, вклучувајќи ги сите негови градби, шуми, планини и ливади.

Московјаните мошне ги сакаат своите автомобили. Вкупно во градот ги има околу 4.9 милиони. Само за пат на работа и назад секој автомобил троши околу 3.6 литри гориво. Ако еден литар бензин од 95 октани чини 66 центи, московјаните секој ден трошат 11.5 милиони долари на бензин. Оваа цифра може да варира во зависност од класата и видот на гориво, но сигурно е дека со овие пари може да се финансира цела една изборна кампања на кандидат за Сенат на САД, да се купи сопствен замок или рајски остров во топлиот океан. Еден ден – еден остров.

Извори:

CBS News

OpenSecrets.org

Robert R. Soborne. Watercrunch

The Street

The Village

Yandex Исследования

Часопис Metro

Географски прирачник „За земјите“, Канцеларија за трговија и услуги на градската влада на Москва

Комерсант

Федерален завод за статистика (Мосгорстат)

Централен научно-истраживачки институт за организација и информатизација на здравствената заштита на Министерството за здравство на РФ

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња