Александар Чехиркин
ReutersРуските борачи во Будимпешта поставија апсолутен рекорд во историјата на комбинираните светски првенства во борење. Руските спортисти ги извојуваа десетте најсјајни одличја. Од тоа шест освоија во грчко-римски стил, а три злата заслужија последниот ден од натпреварувањето.
Сергеј Семјонов беше најдобар во категоријата до 130 килограми. Муса Евлоев освоио злато во категоријата до 97 килограми, а Александар Чехиркин во категоријата до 77 килограми.
Меѓутоа, најдолго ќе се памети победата на Абдулрашид Садуев над Американецот Кајл Снајдер. Рускиот борач во слободен стил успеа да му се реваншира на Американецот по минатогодишниот пораз во Париз.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче