Уделот на современата борбена техника во армиската авијација на Русија ја достигна цифрата од 80%

Слободан Ѓукиќ
Во Русија 28 октомври се слави како Денот на армиската авијација. Годинава се одбележува јубилејот 70 години од основањето на првата хеликоптерска ескадрила. За армиската авијација, нејзиниот моментален статус во рамките на ВКС на РФ зборуваат командантот на ВВ генерал-потполковник Андреј Јудин како и началникот на борбената обука на армиската авијација генерал-мајор Олег Чесноков.

„Во овој момент единиците кои во својот состав имаат борбени и транспортни хеликоптери го претставуваат најсовремениот род на авијацијата во состав на Воздушно-космичките сили“, изјави во саботата командантот на Воено-воздушните сили снага и заменик-командант на ВКС на РФ генерал-потполковник Андреј Јудин.

„Современата армиска авијација претставува многу важен сегмент на борбениот потенцијал на нашите Воено-воздушни сили. Нејзиниот борбен состав последниве пет години е зголемен за четвртина. Уделот на современите примероци на воздухопловна техника надмина 80%. Тоа е најнапредниот род на авијацијата на планот на неговата опременост и состав на воздухопловниот парк“, изјави генералот во текот на одбележувањето на Денот на армиската авијација. Генералот посебно го истакна приемот на современата борбена техника која ги пополни хеликоптерските ескадрили на ВВС, а која се состои од ударни хеликоптери Ка-52, Ми-35М, Ми-28Н, тешките транспортни хеликоптери Ми-26 и повеќенамененските транспортно-борбени хеликоптери Ми-8.

„Од моментот на своето основање армиската авијација значително еволуираше кога е во прашање нејзината улога на боиштето. На самиот почеток таа изведуваше главно помошни задачи како што е  класично воздушно извидување и надгледување на фронтот, додека денес таа стана исклучително моќно оружје без кое не може да се замисли победа на бојното поле. Во претходниот период летечките екипажи кои се дел од армиската авијација учествуваа практично на сите подрачја на нашата држава кои се зафатени со борбени дејствија, а и пошироко“, истакна Јудин. Хеликоптерските екипажи на Русија и СССР со голем степен на лична мотивираност, храброст, но и воено мајсторство извршија огромен број борбени задачи при интервенцијата во Авганистан, при санирањето на хаваријата на атомската централа во Чернобил, во борбените задачи на Северен Кавказ, во Таџикистан и низа други земји кои се наоѓаат на Африканскиот континент. Денес, потсетува генерал Јудин, летечките екипажи на армиската авијација активно учествуваат во операцијата на ликвидација на интернационалниот тероризам кој се појави на Блискиот Исток, поточно во Сирија.

Началникот на борбената обука на армиската авијација на Воздушно-космичките сили на Русија, генерал-мајор Олег Чесноков напоменува дека денешната обука на летечкиот и инженериско-технички состав на армиската авијација „претрпе квалитативни промени“ и додава дека „обемот на летачката обука последниве години значително порасна. Средниот годишен налет на пилотот кој управува со хеликоптер изнесува повеќе од 100 работни часови, а само оваа година нашите редови ги пополнија 300 млади пилоти“, изјави Чесноков. Тој напомена дека повеќе од 70% од активниот состав на армиската авијација зедоа учество во борбените дејствија како на територијата на Русија, така и во странство. Практично половината од хеликоптерските екипажи е одликувана со различни држави медали за храброста која ја демонстрираа при решавање на своите борбени задачи.

Денот на армиската авијација се одбележува на 28 октомври. Оваа 2018 година воените пилоти на хеликоптерите го празнуваат својот јубилеј – 70 години од денот кога е основан овој род војска. Армиската авијација ја почна својата богата историја 1948 година, кога во подмосковски Серпухов е формирана првата хеликоптерска ескадрила.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња